Фото: Илустрација

Коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“, денес, пред Уставниот суд поднесе иницијатива за процена на законитоста на одлуката на Владата, со која граѓаните на Србија летово се ослободуваат од патарини.

Правниот претставник на коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“, адвокатот Абидин Абдули, откако ја поднесе иницијативата до Уставниот суд, изјави дека секоја одлука на Владата треба да биде во согласност со позитивните закони на земјата.

– Наведената одлука е во спротивност со Законот за уплата на патарините и во исто време ги става во нееднаква положба странските граѓани на соседните држави, кои транзитираат преку Северна Македонија – посочи Абдули.

Минатиот месец Владата соопшти дека српските граѓани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во земјата во знак на благодарност за донациите во вакцини.