Фото: Општина Кисела вода

Со забавни и разновидни содржини за сите генерации, Општина Кисела Вода денес го прославува својот патронен празник Ѓурѓовден. Паркот “Македонија” од пладнето е исполнет со детски џагор и смеа, а децата кои се дојдени со своите родители, баби и дедовци, уживаат во забавата и песната на нивните омилени ликови. Немаше крај на радоста кога на сцената се појави најпознатиот детски лик Биби од платформата „Светот на Биби“. Цел час заедно пееја и комуницираа, по што сцената ја исполнија децата од фестивалот “Поточиња”. Одекнаа хитовите од овој популарен фестивал кој годинава слави дваесет години постоење и чии песни подеднакво ги знаат и децата и нивните родители. Забавата продолжи со Студиотo за танц “Данса Латина Стефи”, кое веќе 10 години успешно работи на две локации во општина Кисела Вода. Танчерите кои се веќе познати и надвор од нашите граници преку учествата на бројни европски и светски првенства, еден час, во паркот Македонија, изведуваа латино танци и хип хоп. Настанот го отвори градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој, пак, утрото присуствуваше на света литургија по повод празникот посветен на Свети Ѓорѓи Победоносец, во истоимената црква во Кисела Вода.

Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода
Фото: Општина Кисела вода

– Голема е мојата чест и задоволство што денес, сме тука, сите заедно на одбележувањето на уште еден патронат на најстарата скопска општина, Општината Кисела Вода. Чествувањето на патронот, е важен чин кој говори за еден континуитет на постоење, на историја и култура, на традициите, на нераскинливата врска на минатото со идината преку сегашноста на која ние сме автори. Затоа е многу важно ние како генерација да дадеме свој печат и да оставиме нешто што ќе биде вредно за паметење за оние што доаѓаат по нас. Во овој миг, говорам за сплотеноста, за тоа што и денеска ве има во огромен број, за партнерството кое го имаме преку укажаната доверба за реализација на сите досегашни проекти, но и на планираните, како и на оние проекти што допрва следат. Нашата општина Кисела Вода, се развива и расте во сите сфери на делувањето. Културата и општествените случувања како денешниов настан се само еден од чекорите во траекторијата на развој која заеднички ја исцртуваме. Многу ми е драго што паркот Македонија денес е полн со дечиња. Децата се нашето најголемо богатство и нашата најсилна инвестиција во иднината. Оттука, наша одговорност, задача, и огромна желба е грижата за нив да биде на прво место. Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник, ќе продолжиме да ги унапредуваме условите за нивен развој, да создадеме опкружување каде што секое дете ќе може да расте, да учи и да ги развива своите таленти и способности. Само така можеме да гарантираме една подобра и светла иднина за нашето општество. Затоа и многу внимававме при изборот на содржините на денешната манифестација кои пред се им ги нудиме ним, на најмладите-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој честитајќи го уште еднаш патронатот, ги покани сите жители на општина Кисела Вода, но и жителите на другите општини да бидат дел од вечерите случувања кои продолжуваат во паркот “Македонија”. Воедно, додаде дека големите празнувања заслужуваат и реализација на големи проекти, па во наредните денови ќе бидат промовирании реализирани и повеќе капитални проекти, пред се од инфраструктурен карактер.

Забавата во Паркот Македонија, веднаш до домот на култура ”Билјана Беличанец” продолжува од 20 часот со стенд ап шоуто на актерите Атанас и Тино. По нив, до крајот на вечерта, ДЈ сет ке има ДЈ Напстер.