Во јуни годинава во земјава се евидентирани 119.751 туристи, од кои 23 отсто биле домашни туристи, а 77 отсто странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во јуни 2024 година изнесува 245.249, од кои 27,6 отсто се од домашните туристи, а 72,4 отсто од странските.
Во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,1 отсто, и тоа: кај домашните туристи за 3,3 отсто, а кај странските за 14,4 отсто.
Зголемување во периодот јануари – јуни годинава има и кај бројот на ноќевањата, за 9,9 отсто. Кај домашните туристи зголемувањето е за 6,3 отсто, а кај странските за 11,.8 отсто.