Со трибина вечерва во Прилеп беа одбележани 119 години од смртта на Гоце Делчев и 110 години од смртта на Пере Тошев.
На почетокот на трибината на присутните им се обрати градоначалникот Борче Јовчески, притоа потенцирајќи го придонесот на двајцата револуционери за револуционерното движење во Македонија.


За ликот и делото на прилепскиот револуционер Пере Тошев се осврна историчарот д-р Зоран Богевски, а за придонесот и на Гоце Делчев говореше и професорот Никола Богданоски.
По повод 110 години од смртта на Пере Тошев, утрово беа положени цвеќиња пред неговиот споменик во близина на пазарот и пред гробот во Стара Црква, а пак во ООУ „Гоце Делчев“ беше одбележан патрониот празник.

Ка.М.