Фото: Собрание

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски смета дека во овој момент е клучно да се стави акцент на сериозни законски решенија за излез од кризата.

Мицевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија говорејќи за лидерска средба, рече дека официјална покана за средбата до ВМРО-ДПМНЕ се уште не е стигната.

– Покана официјална за она што вчера го најави премиерот Ковачевски до ВМРО-ДПМНЕ нема стигнато. И тука е најголемиот проблем на владејачкото мнозинство затоа што пред да почне дебата за која било тема, ја отпочнуваат со официјални информации на социјалните мрежи. Еве ВМРО-ДПМНЕ пред да влезам во емисијата, официјално покана за таа средба што ја најави премиерот Ковачевски нема – рече Мицевски.

Тие, како што рече, остануваат на ставот дека треба да се разговара за основните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

– ВМРО-ДПМНЕ одговори денеска за таа лидерска средба и она за што треба да се разговара во наредниот период, а тоа е основните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ако има средба, и зависи од форматот во која што ќе се одржи, на таа тема да учествуваме и да зборуваме. Затоа што денеска има две нови теми, тоа е историски најголемиот буџет од 5,3 милијарди евра кој што се планира и денеска има поминато на Влада, и едно како би рекол смешно замрзнување на цените на огревното дрво од 6.500 денари од кубик – истакна Мицевски.