После бербата со многу предизвици за винариите и неколку напорни и успешни саеми низ регионот со ненамалена желба и ентузијазам, во хотел Мериот Скопје во убава и опуштена атмосфера, полна со винска страст викендов се одржа седмото издание на Скопскиот вински салон -Винодонија 2023.
„Винодонија“ повторно беше местото каде што нашите уметници-винари ги донесоа и покажаа своите најдобри вина и со нетрпение ги очекуваа коментарите, критиките и пофалбите. Исто така ова беше прилика да се истражи и дегустира т.н. странска винска сцена која што во последната година порасна во Македонија и се збогати со нови вински брендови и стилови од Италија, Франција, Португалија и Шпанија.
Винодонија продолжува да расте во престижен и квалитетен настан на кој што виното го покажува својот сјај и уникатност и потврдува зошто тоа отсекогаш било дел од македонскиот културен идентитет.