Фото: МИА

Професорката во средно училиште Даниела Стојановска – Пановска од СДСМ е нова пратеничка во Собранието, чиј мандат и беше верифициран на денешното продолжение на 99-та пленарна седница.

Стојановска – Пановска, која беше следна од листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3, доаѓа на местото на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој е именуван за амбасадор во Црна Гора. Мандатот на новата пратеничка беше констатиран на денешната 67.седница на Државната изборна комисија.