Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информира дека реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат.
– Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден – се наведува во денешното соопштение од МВР.