Фото: Твитер / Турска агенција за управување со вонредни состојби

Црвениот крст на Македонија информира за сметки и телефонски броеви на кои сите заинтересирани правни субјекти и граѓани може да донираат парична помош за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
– донација од 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

На плоштадот „Македонија“ во Скопје отворен е пункт за собирање хуманитарна помош. Според досегашната практика, најмногу се донираат зимски алишта, шатори и храна, а на пунктот доаѓаат граѓани од сите генерации и националности, со желба да им помогнат на луѓето во подрачјата погодени од земјотресот.

Турција и Сирија ги погоди катастрофален земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.