Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) ги покани студентите да им се придружат на протестот во петок за со заеднички да дојдат до подобрување на условите во образовниот систем.
-Имајќи ги предвид актуелните прашања околу средношколскиот и студентскиот стандард (државна матура, субвенциониран студентски оброк и слично), ги покануваме студентите да се придружат на протестот во петок од 12.30 часот пред МОН за заедно да издејствуваме подобрување во образовниот систем. Овие неколку години, како учесници во образовниот систем, се соочивме со голем број предизвици за кои вреди да се дискутира и да се лобира кај надлежните – велат од ОДАС.