Фото: МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 го оцени случајот со контроверзниот украинец Олександр Онишченко како настан кој го урива кредибилитетот на државата и на Агенцијата за национална безбедност.

– Имам сосема јасен став по ова прашање, тоа е настан кој го урива кредибилитетот на државата и на Агенцијата за национална безбедност и тука немаме дилема – вели Спасовски.
Сепак, тој посочи дека случајот со доделеното државјанство на контроверзниот Олександр Онишченко нема да ја наруши безбедноста на земјата и рече дека ќе има одговорност за тие што погрешиле.