Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, утринава, на денот на одбележувањето на годишнината од убиството на осумината полицајци во кумановското „Диво Насеље“, положи свежо цвеќе на гробовите на починатите припадници на специјалните полициски единици.
Делегација од МВР, предводена од Спасовски, денеска им одаде почит на Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Жарко Кузмановски и Бобан Ивановиќ.
Утре министерот Спасовски ќе се поклони пред спомен обележјата на вечните почивалишта на Горан Илијевски, Исамедин Османи и Љубиша Аранѓеловиќ.
Аранѓеловиќ, Ивановиќ, Илијевски, Кузмановски, Османи, Самојловски, Серафимовски и Стојменовиќ посмртно се одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија.
Рано наутро во 6 од Охрид, од меѓународниот настан со Интерпол, до Тетово, Брвеница, да им се одаде почит на затинатите од Диво Насеље. Министерот @o_spasovski е за секоја пофалба! pic.twitter.com/HUCzdBSsIX
— Лазар (@sluzhbenik) May 9, 2023