Фото/Илустрација: Пиксабеј

Времето денеска претпладне ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.

Според најавите на синоптичарите, на одделни места ќе има услови и за појава на град, особено во подрачјата каде нестабилноста ќе биде поизразена.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува. Утринските температури ќе се движат меѓу 10 и 18 степени Целзиусови, додека дневните ќе достигнат од 29 до 38 степени.

Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност со можност за дожд, грмежи и засилен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 17 до максимални 35 степени.

Во наредните денови ќе следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник и среда, кога локално може да наврнат и до 15 литри дожд на квадратен метар.

Метеоролозите предупредуваат дека на одделни места атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе се манифестираат како краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

И во текот на следните денови ќе дува умерен ветер, претежно од северен правец, што ќе придонесе за постепено намалување на температурите во споредба со екстремно топлите денови од изминатиот период.