Македонскиот весник „Илинден” почна соработка со весникот „Нова Македонија“, првиот дневен весник на македонски јазик, кој излегува од далечната 1944 година и е најголем весник во Македонија, информираше Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник.
Содржините што ги нуди весникот „Илинден“ ќе можат да се погледнат преку страницата на онлајн-изданието на „Нова Македонија“.
– Сега македонскиот весникот „Илинден” ќе биде уште поблиску до читателите. Голема благодарност до тимот на весникот – додава Ѓурѓај.
Никола Ѓурѓај лично ѝ ја врачи наградата „Илинден“ на редакцијата на „Нова Македонија“
Според него првиот број на весникот „Илинден“ беше отпечатен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години “предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија и во Македонија и кај сите Македонци во сосеството и диаспората”.
Весникот е гласило на македонското друштво „Илинден“-Тирана, чии основни заложби, се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија.