Фото: Пиксабеј

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во источните делови ветерот повремено ќе биде засилен, пренесе МИА.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 19 до 28 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 26 степени.

Во понеделник времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во крајните југозападни делови каде попладне ќе има услови за слаб дожд и ретки грмежи.

Од вторник до крајот на работната седмица следува променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд и грмежи. Дневните температури постепено ќе опаѓаат.