Фото: Маја Јаневска-Илиева

„Алејата на Украина“ денеска е отворена на улица „Никола Кљусев“ во центарот на Скопје.

Во рамките на манифестацијата, отворена е и изложба која ќе го покаже уништеното културно наследство на Украина, како што соопшти украинската амбасада во земјава.

Алејата ја отворија градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, и претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович.

Амбасадорката на ја искажа својата благодарност за поддршката на Општина Центар.

– Би сакала да ѝ се заблагодарам на Општина Центар, на македонскиот народ и на патриотското здружение на Украинците. Ова е исклучително важна поддршка на нашата држава од страна на македонското општество, особено за време на вооружената агресија на Руската Федерација против Украина – изјави Дир.