potporen zid detska klinika
Фото: НМ

Продолжува да се руши потпорниот ѕид на улицата која минува над скопскиот Клинички центар „Мајка Терезa“, над Клиниката за детски болести, и да создава проблеми на граѓани. Тој за прв пат се почна да паѓа пред точно три месеци.

Денеска, читатели ни испратија фотографии на кои се гледа дека им настрадале возилата поради повторно паѓање на ѕидот.

potporen zid detska klinika
Фото: НМ

Од Центарот за упревување со кризи (ЦУК) велат дека секој ден загрижени жители на улицата, но и случајни минувачи алармираат за опасноста која демне од ненадејано рушење на целиот ѕид, особено после малку пообилни и подолготрајни врнежи.

– Често добиваме поплаки или слики од граѓаните, но со оглед на тоа дека надлежноста за улицата и ѕидот ја делат Град Скопје и Клиничкиот центар, не ни останува ништо друго освен да ги предупредуваме и да им укажуваме на опасноста – велат од ЦУК.

За опасноста од рушење на овој ѕид ЦУК алармираше уште пред една година. Оттаму велат дека уште тогаш биле алармирани надлежните институции и Министерството за здравство да го санираат. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов при првото рушење на ѕидот кажа дека од нивна страна веднаш биле известени Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар, како и МВР за да преземат мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните.

Тa.Д.