Општина Аеродром донесе одлука за поставување на споменикот на Андон Јанев – Ќосето во населбата Ново Лисиче, со поддршка на советниците на ВМРО ДПМНЕ и на Левица, како и на советник од СДСМ, објавува Макфакс.
– Имајќи предвид дека станува збор за одлука која сега е во надлежност на Собранието, по целосното комплетирање, иницијативата која е усвоена од страна на членовите на советот на општина Аеродром, наскоро ќе биде доставена Собранието. Крајната одлука за евентуално преземање на споменатиот споменик и понатамошно негово поставување во општина Аеродром ќе ја има оваа државна институција. Со оглед на фактот дека Советот на Општина Аеродром, како и Собранието се претставнички органи на граѓаните, каде членовите се избрани не непосредни избори со гласање, Општина Аеродром има обврска да ги почитува одлуките донесена од страна на двата државни органи – соопштија од општината.