Општина Илинден почна со модернизација и реконструкција на водоводниот систем, за поквалитетни услуги за побезбедна и поздрава вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето.
Екипите на ЈКП „Водовод“ работат на дислокација на дел од главната водоводна мрежа на потегот н.м. Марино – Кадино, во вкупна должина од 600
метри и притоа ќе се изврши замена на старите ПВЦ-цевки со нови полиетиленски цевки.
– Увид во градежните активности денеска направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека модернизирањето на водоводната мрежа е за обезбедување поголем квалитет во водоснабдувањето во населените места Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Бунарџик, Ајватовци и Бучинци – информираат од Општината.
Оттаму додаваат дека обезбедувањето квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што Општина Илинден во соработка со ЈКП „Водовод“ и во наредниот ќе продолжи со модернизација и подобрување на водоводниот систем.