Фото: Маја Јаневска-Илиева

Поради испад во трафостаница во општина Карпош, поголем дел од општината е без електрична енергија – соопштија од Општина Карпош.

Во известувањето наведуваат дека без електрична енергија е поголем дел од општината, односно населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани, додека во моментот веќе се излезени екипи на терен и работат на поправка на дефектот.

– Поради испад во трафостаница без електрична енергија е поголем дел од општина Карпош и тоа населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани. Од ЕВН нè информираа дека нивните екипи се веќе на терен и работат на поправка на дефектот – наведуваат од Општина Карпош.