Градоначалникот Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода денеска извршија увид во активностите за комплетирање на новиот парк во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“.

На новата зелена парковска површина, која на површина од 16.000 метри квадратни неодамна ја направи Градот Скопје, Општина Кисела Вода постави урбана опрема, корпи за отпадоци и клупи за одмарање, направи патеки од павер елементи, за дечињата изгради детско игралиште, а во моментов прави парк и за домашни миленици.

Покрај ова, Општината на крајот на следниот месец планира паркот да го збогати со 100 дрвја. И по ова, активностите за уредување на паркот лоциран покрај железничките пруги ќе продолжат.