Корисниците од улиците „Алберт Ајнштајн„ и „Домбас“, како и дел од корисниците од булеварот „Илинден“ во општина Карпош утре од 8:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на шибер со пречник од 80 милиметри на крстосницата меѓу булеварот „Илинден“ и улицата „Алберт Ајнштајн“.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не заврши со промената на шиберот.