Поради промена на 13 затворачи, прекинато водоснабдување утре ќе имаат корисниците од улиците „Рилски конгрес“, „Славејко Арсов“, „Банско“, „Серска“, „Кратовска“, дел од „50 Дивизија“, „Димче Мирчев“, „Христо Чернопеев“, „Востаничка“ и „Црниче“.

Останатите улици од населбите Црниче и Пржино ќе бидат со намален притисок.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на зафатот.