Анастасија и Габриел се близначињата кои се родија први во 2020 година, на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Тие се предвремено родени бебиња, кои на свет дојдоа со помош на ин витро оплодување по шестгодишна борба со стерилитет.
Анастасија е родена со 2 килограми и 360 грама, а Габриел со 1 килограм и 760 грама. Директорката на ГАК, Викторија Јовановска, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и заменик министерот за здравство Арменд Арслани утрово ги посетија мајката и бебињата.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов им донесе плишани мечиња и вообичаениот паричен подарок.Шилегов се пошегува дека не очекувал близначиња, но сепак вработените во Град Скопје успеале да обезбедат слични подароци и за двете бебиња.

Заменик министерот за здравство изјави дека на ГАК, во одделот за неонатологија обезбедена е најсовремена апаратура од последната генерација.