Поради претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, што на 18-ти и 19 април ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена „Борис Трајковски“, утре од 15 часот и во следните два дена, односно до 15.30 часот на 19 април, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.
Со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми Септември“, „Илинден“, како и другите сервисни улици кои гравитираат кон двата објекта.
Исто така, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до Скопскиот аеродром.