Општина Центар потпиша меморандум за имплементирање на проектот „Велоучилишта“ наменет за учениците од основните училишта на територијата на оваа скопска општина.
Проектот треба да овозможи зголемување и унапредување на знаењето кај децата, наставниците и пошироката јавност за темите: велосипедизам, одржлив развој, безбедност во сообраќајот, аерозагадување и климатски промени.
– Досега овој проект се реализираше само во ОУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“, како пилот-проект, но отсега, проектот „Велоучилишта“ ќе биде проект за сите ученици, наставниот кадар и родителите во сите основни центарски училишта – изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.
За овој проект Богдановиќ потпиша меморанудм со Никола Нешкоски, директор на „Екологик“, здружение за заштита и унапредување на животната средина.
Проектот „Велоучилишта“ ќе се реализира со времетраење од пет години, со можност за продолжување.