Општина Кисела Вода на 15 септември ќе започне да спроведува акција за собирање кабаст отпад, стар мебел и електронски уреди.
Општината услугата за собирање и транспорт на отпадот, ќе ја врши бесплатно со свои возила од домовите на граѓаните. Со цел за заштита на здравјето на граѓаните од вирусот ковид-19, работниците кои ќе бидат вклучени во активностите, истите ќе ги вршат согласно препораките од Владата и Министерството за здравство.
Жителите на Кисела Вода, секој работен ден, во периодот од 8 до 16 часот, услугата за собирање на отпад можат да ја побараат на телефонскиот број 072/313-331.
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота и со тоа да придонесат за чисти паркови и чисти зелени површини.