Забрзаниот пораст на цените на горивата во земјава се одразија врз сите сфери на човековото живеење. Така, авто-такси превозниците, тие се приморани да ги подигнат цените на услугите кои и без тоа беа доста високи, ако се има во предвид се понискиот стандард на населението на општина Кичево.

Од Здружението на авто-такси превозници најавуваат и нови тарифи, со кои ќе можат да работат порентабилно и во склад со цените на енергенсите.

-И ние авто-такси превозниците сме приморани да ги зголемиме цените на услугите, бидејќи цените на горивата речиси секојдневно се повисоки и повисоки.Така од пред неколку дена цената на услугата е зголемена на 70 денари на старт во која влегува и еден километар превоз.А секој нареден километар цената се зголемува за нови 25 денари.Свесни сме дека цените се нешто повисоки, но и ние да преживееме во оваа дејност ќе мора да држиме чекор со се повисоките цени на горивата и кој има вистинска потреба од такси превоз ќе мора да ја плати оваа цена – вели Драган Спироски, потпретседател на Здружението на авто-такси превозници.

Тој се пожали на се помалиот интерес за работа во оваа гранка а се позасиленото исселување во странство, го намалува како бројот на патниците , така и бројот на млади кои би сакале да работат во такси превозот.

-Последните 6-7 години засиленото иселување пред се на младите придонесе да опадне интересот за работа во авто-такси превозот а исто така намален е бројот на патниците, бидејќи бројот на локалното население поради зголеменото иселување од година во година е се помал – додаде Спироски.
З.А.