Бугарската комедија „Вражалец“ чие гостување беше помогнато од бугарската фондација на Милен Врабевски, а требаше да се одигра на сцената на битолскиот театар на 1 февруари е одложена.
-Би сакале да ве известиме дека претставата „Вражалец” која беше закажана на 1 февруари – гостувањето од Р.Бугарија на театарот Мелпомена се откажува – соопштија од БНТ.
Во соопштението на Битолскиот народен театар не се кажуваат причините поради кои е откажана претставата, која за љубителите на театарот во Битола требаше да ја одигра бесплатно драмскиот куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен.
Инаку претствата долго време се рекламираше во Битола, а пред неколку дена во Битола осамнаа плакати со кои се повикуваа битолчани да ја гледаат претства.
Покрај фондацијата на Врабевски, финансиер на претставата е и Министерството за надворешни работи на Бугарија,а во организацијата е вклучен и Генералниот бугарски конзулат во Битола.