Во предвечерните часови Кичево го зафати силно невреме проследено со пороен дожд, град и интензивни електрични празнења.
За час улиците се претворија во вистински реки што оневозможи сообраќајот да се движи непречено. Поради обилните врнежи се излеаја повеќе шахти. Вистинската штета од ова невреме допрва ќе се утврдува ако се има предвид количеството на град кој падна. Изминативе денови во овој регион имаше редовни врнежи од дожд.
-Шахтите се излеваат поради недоволниот капацитет на цевките, како и поради вклучување во канализацијата и на цевки во кои се собира водата од покривите и се насочува во овие цевки кои не можат да примат толкава количина на вода за кус период – истануваат од комуналното претпријатие. З.А.