По десетти јубилејен пат попладнево во Кичево се одржа Петровденската мото-парада, посветена на патронот на црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во Кичево. На парадата учество земаа над 300 мотоциклисти на различни возрасти. Парадата со аплаузи беше поздравена од граѓаните на улиците.
– Најпријатно сме изненадени од големото учество. Во текот на оваа парада продефилиравме по главните сообраќајници во градот, а убавата глетка ја надополнија и граѓаните кои не поздравија – истакна Зоран Милески, еден од учесниците на Петровденската мото-парада.
Тој додаде дека завршетокот на мото парадата се случила пред црковниот храм кадешто повеќето го посетија храмот, запалија свеќи и се помолија за здравје. З.А.