Во центарот на Прилеп по 20-пат се одржува карневалот „Прочка“, според сите протоколи за заштита од ковид-19.

Учествуваат 15 групи од Прилеп и од неколку градови од Македонија.
Прилепските мечкари како традиционална маска се претставија пред жирито и публиката, а беа проследени и маските Виножито”, “Сонце за сите деца”, “Пчелички”,”Индијански село”,”Тутуноберачите”,”Кинески змеј”, “Свадба”…, кои воодушевија со својот настап.

Горан Ржаникоски со маската Крали Марко не го криеше своето задоволство што по двегодишна пауза традицијата на карневалот продолжи. Посочи дека традицијата треба да се одржува, негува и на Прочка да си простиме.

Градиначалникот на Прилеп Борче Јовчески изјави дека традицијата за карневалот продолжи и дека се надева оти ќе биде масовен догодина.


За најуспешните маски ќе бидат доделени награди, а настанот ќе се комплетира со музичка програма.

Ка.М.