Во Битола е отворен Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство.

Регионалниот центар кој е сместен во приватниот старски дом „Софија“, ќе им овозможи услуги на сите оние кои имаат потреба, а гравитираат во Пелагонискиот регион.

Со отворањето на Центарот општина Битола прави голем чекор напред во решавање и превенирањето на еден сериозен проблем во заедницата, потврден, за жал низ
конкретни бројки и показатели, изјави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој притоа нагласи дека Битола е една од првите општини во државата која со сопствени средства го овозможува неговото функционирање.

Коњановски, нагласи дека, за насилството не смее да има толеранција, а во таа насока,
општината останува посветена, со конкретни чекори во унапредувањето на еднаквите можности меѓу жените и мажите и секојдневно градење што поголеми можности за реализација на женските права, додека борбата за еднаквост на мажите и жените, треба да продолжи секој ден и во секој сегмент од креирањето на јавните политики и донесувањето одлуки. М.М.