Денеска беше извршено првото порибување на Осломејско Езеро со 680 килограми капитални примероци на крап што ги обезбеди од рибникот Жабени, Битолско. Претседателот на спортско-риболовното друштво „Хантер Фиш“ кое го направи порибувањето, Бесмир Елези е презадоволен што и во оваа календарска година во Осломејско Езеро се пуштени поголеми количества на крап.
-За да го зголемиме интересот на спортските риболовци од земјава па и од странство за учество на спортски натпревари на нашето езеро, денес извршивме порибување на Осломејско Езеро со 23 капитални примероци на крап со тежина од 15 до над 20 килограми, или со вкупна тежина од 680 килограми. Првиот од серијата натпревари на ова езеро ќе се одржи во последната недела од месец април – истакна претседателот Елези и нагласи дека средствата за ова порибување се обезбедени од страна на членовите на „Хантер Фиш“.
Тој потенцира дека до крајот на оваа календарска година на ова езеро ќе се случи барем уште едно порибување. З.А.