Новоизградениот современ мост на река Сушица лоциран во самото средиште на Кичево , за првпат доби хоризонтална и вертикална сигнализација.Овој мост кој со средства во износ од 100.000 евра обезбедени од страна на Бирото за регионален развој, сега е комплетно оспособен за безбедно одвивање на сообраќајот во делот од Кичево, каде интензитетот на сообраќајот е се поголем.
– За да овозможиме безбедно одвивање на сообраќајот во овој дел од градот, на новоизградениот мост на река Сушица поставивме нова хоризонтална и вертикална сигнализација. Со овие содржини овозможено е слободно и непречено одвивање на сообраќајот и многу побезбедно движење на пешаците. Мостот е изграден според сите безбедносни и сообраќајни стандарди и во значителна мерка ќе придонесе поранешното тесно грло да биде надминато со новиот инфраструктурен објект, на кој ќе можат во исто време да се разминуваат две возила што на стариот мост не беше случај – информираа од ЈКП„ Комуналец“.
Во Кичево во полн ек е поставување на нова хоризонтална сигнализација на сите кружни текови во градот. З.А.