Фото: З.А.

И покрај најавите од локалниот риболовен клуб „Хантер Фиш“ од Кичево, организатор на овој крапски риболовен натпревар дека истиот ќе се одложи за две недели поради тешките временски услови за рибарење, сепак на инсистирање на клубовите со еден ден задоцнување натпреварот започна и ќе трае 72 часа, потврди претседателот на локалниот клуб Бесмир Елези.

-Иако поради временските услови планиравме риболовниот натпревар да го одложиме за две недели, на упорно инсистирање на пријавените клубови, одлучивме риболовниот натпревар со еднодневно задоцнување сепак да се одржи и ќе трае до понеделник до 11 часот или полни 72 часа. Од пријавените 17 екипи откажа само една екипа, додека 16 екипи се дел од првиот крапски–риболовен натпревар „Боила куп“. Засега се тече според планот риболовците се задоволни од почетните резултати а во водство е екипата на „Урбан Карп“ со уловени 37.160 кг – истакна Елези.

Тој напомна дека најдобрата екипа ќе освои премија од 15.000 денари, за второпласираната екипа се наменети 10.000 денари, додека третопласираната екипа ќе добие 6.000 денари. З.А.