Лидија Тфриц Митревска / Фото: М.М.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски не ќе може да назначува директор во градинката „ Естреја Овадија Мара“. Ваква одлука донесе Министерството за труд и социјална политика, кое ја врати на директорска позиција неодамна разрешената Лидија Тфирст Митревска.
Со ваквата одлука на Министерството само по неколку дена и престана мандатот на Весна Лозановска.
Министерството испратило решенија, за разрешување на в.д директорката Весна Лозановска и за доделување на втор мандат од четири години на Тфирст Митревска, како и решение за одземање на ингеренциите на Коњановски за назначување на директор.
Ова е петта одлука на Министерството за труд и социјална политика за одземање на ингеренции на Коњановски во однос на градинките во Битола.
М.М.