Фото: Фејсбук-страница на Општина Берово

И оваа година „Ратевските бамбурци“ ја продолжија вековната традиција, која се организира на денешен ден, по повод христијанскиот празник Собор на Свети Јован Крстител во селото Ратево. Настанот и годинава го организаше здружението на граѓани „Ратевски бамбурци”.

– Настанот се организира со помош на месната заедница, Општина Берово и општествено одговорни фирми, кои го помагаат карневалот. Самата традииција налага маскирање во кожи од животинско потекло и маски со рогови. Карактеристично за „Ратевски бамбурци“, е што ова е традиционална маска, учествуваат само машки во маскирањето, доколку се забележи девојка, се растура и се црни по лицето. Она што исто така е карактеристично, како што може да забележите е црнењето, кое го симболизира здравјето и така останало од постарите а продолжува да се негува со векови – истакна претседателот на здруженито, Драган Аговски.

Фото: Фејсбук-страница на Општина Берово

Маскирањето на бамбурците почнува после полноќ на Водици, кога детските и возрасните групи се собираат заедно.

Настанот и годинава го отвори градоначалникот Звонко Пекевски, кој на организаторите им посака уште долги години да ја организираат оваа долговековна традиција која е една од најстарите во Малешевијата.

Во рамки на централниот настан на селскиот мегдан беа претставени маски на улесници од неколку градови и села, а имаше и гости од соседна Бугарија. Настанот продолжи со општонародна веселба во која најактивни учесници беа самите Ратевски бамбурци.

Фото: Фејсбук-страница на Општина Берово