Фото: З.А.

На 27 и 28 октомври во Македонски Брод ќе се одржи Фестивал на костенот. Фестивалот започнува в петок од 20 часот, со програма наречена „Ноќ на костенот“, што ќе биде збогатена со забавна музичка програма.

В сабота ќе биде отворена изложбата „Златен костен“ во Домот на културата. Потоа е планирано дефиле низ градот за да централниот дел од манифестацијата се одржи на плоштадот, каде ќе може да се вкуси поречкиот костен, неговите производи и други еколошки производи од овој крај, придружено со богата културно уметничка програма и присуство на многу гости.

Градоначалникот Жарко Ристески, поканувајќи ги граѓаните на Македонија, на денешната прес конференција во Прилеп, посочи дека Фестивалот на костенот, кој е по 16-ти пат, е многу значајна манифестација за промоција на Македонски Брод и Поречиет.

– Поречкиот костен е автохтон и препознатлив не само во Македонија, туку и во странство. Манифестацијата комплетно ја организираме како општина, и многу значи, а поканети се и претставници од дипломатскиот кор – вели градоначалникот Ристески. Ка.М.