Започна да работи монтажното лизгалиште пред затворениот градски базен. Лизгалиштето е доделено на користење од страна на Агенцијата за млади и спорт и ќе биде на располагање во следните два месеца. Граѓаните можат да го користат секој ден од 9 до 21 часот, а лизгалките се земаат на билетарницата на градскиот базен. Нивното изнајмување од страна на децата ќе биде одобрено со потпис од родителите. Влезот на лизгалиштето за сите посетители е слободен.