И покрај тоа што изминаа неколку месеци и првенството во Супер ракометната лига се ближи кон крајот сѐ уште нема ништо од (купо)продажбата на РК Пелистер.
Пред само извесно време беше речено дека околу (купо)продажбата на РК Пелистер сѐ е готово и дека единствено преостанува да се направи книговодствено порамнување, сепак засега нема ништо од потпишувањето на Договорот помеѓу општината Битола и
раководството на Еурофарм Работник.
Навистина зачудува ваквиот однос на двете страни околу судбината на РК Пелистер, кој во првенството веќе игра епизодна улога.
Уште повеќе што пред извесно време на една прес конференција беше речено дека
долговите на РК Пелистер се минимални и не се никаков проблем да ги плати општината.
Кои се игрите што се играат окоу Пелистер засега никој не знае. Но зачудува ваквиот однос спрема клубот кој има 65-годипшна традиција.
Ваквите игри се рефлектираја на резултатите на клубот, кој ги изгуби речиси сите шанси да се пласира во плејофот, што е голем неуспех за клубот.
M.M.