КАРПОШ

Комуналните служби на Општина Карпош целосно ја исчистија опожарената куќа во населбата Карпош 2, на улицата Руѓер Бошковиќ. Имено, службите ги подигнаа изгорените делови и мебел од домаќинството, кои настрадаа на првиот ден од 2021 година.
Исто така, прeку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Општина Карпош стапи во контакт со претставници од засегнатото семејство и притоа ги информира за потребните документи што треба да ги приложат, за да добијат финансиска поддршка.
Во рамките на можностите и врз основа на доставената документација, локалната самоуправа ќе обезбеди финансиски средства за надоместување на штетата.
Општина Карпош продолжува да им помага на граѓаните и на семејства што се погодени од природни или друг тип непогоди.