Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19, 48 пациенти се оздравени, а нема ниту еден пријавен смртен случај.

Како што информираат од Министерството за здравство од вкупниот број новозаразени 60 се во Скопје, седум во Битола, Охрид – четири, Неготино – три, Тетово, Кавадарци и Кочани – по два, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Делчево – по еден.

Од оздравените 34 се од Скопје, Битола – девет, Ресен – два, Охрид, Куманово и Прилеп – по еден.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.054.677 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.936, бројот на оздравени пациенти е 302.061, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 572.

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 146.918, Активни 393
Куманово 16.676, Активни 5
Битола 15.654, Активни 50
Прилеп 14.210, Активни 9
Тетово 13.479, Активни 6
Кавадарци 10.685, Активни 7
Велес 9.792, Активни 6
Гостивар 9.608, Активни 5
Охрид 8.919, Активни 23
Струмица 8.073, Активни 1
Штип 8.070, Активни 25
Кичево 5.651, Активни 8
Кочани 5.093, Активни 3
Струга 4.728, Активни 2
Гевгелија 4.421, Активни 3
Неготино 3.694, Активни 7
Ресен 2.751, Активни 3
Свети Николе 2.634, Активни 3
Радовиш 2.531, Активни 1
Крива Паланка 2.416, Активни 1
Делчево 1.986, Активни 2
Берово 1.682, Активни 4
Дебар 1.677, Активни 1
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.394, Активни 1
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 929, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0.свс/са/