Поддржувачите на здружената албанска опозиција Вреди слават пред изборниот штаб во Тетово со зурли, тапани, запалени факели.
Лидерот на Демократското движење Изет Меџити кој е дел од Вреди вечерва на прес-конференција во седиштето на партијата во Скопје изјави дека од денес Вреди е новиот сериозен политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците.
Вреди е новиот политички фактор кој ќе ги застапува интересите на Албанците, порача Меџити
Присутни се тројцата лидери Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Африм Гаши од Алтернатива и Изет Меџити од Демократското движење.
На првата прес-конференција во Скопје одржана по затворањето на гласачките кутии, Меџити рече дека Вреди е новиот политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците.
Од друга страна шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт предводен од ДУИ Арбер Адеми вечерва на втората прес-конференција во мала речица соопшти дека од половина од обработените гласови, водат со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата Вреди.
Според преброените околу 70 отсто од гласовите, оваа коалиција освоила околу 12 отсто од гласовите на парламентарните избори, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.