Денес во 13 часот во просториите на Порта Македонија се одржа промоција на книгата „Регионално-безбедносни пактови во југоисточна Европа меѓу двете светски војни“ од проф. д-р Иванка Василевска.
Меѓу промоторите на делото беа Далибор Јовановски од Институтот за национална историја при Филозофскиот факултет во Скопје и Тони Менкиноски, адвокат и застапник на Македонците од Бугарија пред судот за човекови права во Стразбур.
На свеченоста беа присутни голем број на значајни македонски општественици и политичари.
Меѓу нив беа Билјана Ванковска, Ефтим Клетников. Од политичката фела беа присутни Гордана Силјановска-Давкова и Христијан Мицковски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како и актерот Тони Михајловски.
Меѓу присутните беа и преставниците на македонските организации од Република Грција и Република Бугарија, Виножито и ОМО Илинден-Пирин.
Тони Менкиноски како еден од промоторите на книгата истакна дека станува збор за значајно дело за политиката, дипломатијата и геополитиката. Кое би можело да послужи како учебник за идните македонски дипломати.
Иванка Василевска преку своето дело го обработува македонското прашање меѓу двете светки војни, меѓутоа низ призмата на геополитиката, односно преку европските и балканските сојузи.
Таа им се заблагодари на присутните, особено на професорот Јовановски и Тони Менкиноски.