Патриотски одмор во Грција за милијарда евра и нешто повеќе

Инаку, Солун некогаш бил „еврејски град“ со најмногу Сефарди во светот (читајте го историчарот Марк Мазовер). Речиси сите Евреи ги одведоа во Аушвиц, каде што докторите Менгеле и Глауберг правеле ужасни експерименти со нив, а потоа ги убиле. Тука сме во лонецот и ние Македонците. И ние сме „Евреи“ што ќе ги толчат. А во сегашнава игра на „светски покер“ Грците трошат пари бетер од нас и секогаш се должни. Долгот е обврска на сите!

Нема сомнение дека историски Македонија е херојска земја. Мојата фамилија е партизанска, фундаментално антифашистичка, антинацистичка, асномска, со народни херои и високоодликувани членови од Втората светска војна. Така, можам да кажам дека уште како мал мене „ме чипирале“ во мозокот дека треба да се сака својата земја, да се жртвува за неа и за системи каде што нема робови и експлоатации. Ние што служевме во ЈНА дадовме ваква заклетва: „Кунем се да ќу бранити самоуправљање, братство-јединство и интегритет СФРЈ… и ако треба дат ќу свој живот…“ Ете и јас испаднав кукавица што не го исполнив тоа, сите сме кукавици… ние сме ку-ку-пепита… – а вие за себе, размислете! Четници, усташи, мафии и џихадисти дозволивме да нѐ поробат. Што сторивме? А нашите „герои“ политичари, силни јуначишта и големи… пардон – гигантски „герои“ патриоти? – Од нив „ме прободе стомакот…“ – како што рече фамозниот другар Ковач и отрча до клозетот! Демек вели да извршиме „буги-буги“… пардон – бушидо – е па, да бевме Јапонија сега сите ќе бевме харикирани, ама ние сме нежната невеста Македонија, велат сребрена… пардон… северна. Ние сме Дизниленд, имаме Снежана (Жане) и седум џуџиња. Жана ти е Али Ахмети, а нашите политичари се џуџињата. Добро де, ние не сме бушидо-нинџи, ама ако требит че се мааме бе со Грците и Бугарине, како што се маавме со УЧК (срам да им е) – па до коска ги потепавме бре со панталони и гаќи соблечени – (оригинален метод на општонародна тотална војна, со помош на УНПРЕДЕП и ЕУ – прим прев).
Поентата ми беше нешто друго. Во 2023 година во Грција официјално отишле на „одморанција“ 1.132.000 Македонци (некои „рециклирале“). Ако спендувале по илјадарче евра (се пишит 1.000 ЕУ – ај не кријте ги парите) – тоа Самуеле брате мили ми ти доаѓа како милијардиче. А бе, од кај пари? Бе да не те фркнала фатаморгана старецу? – Ме фрквит море фанта-цунама бре – што да праа – стар човек, шекнат бре и озгора северен. Една друга фатаморгана ми велит оти се зголемвит и цените во ѓаолот Грција (срам да ѝ јет). Сепак армија колишта з’гнаа во таа кучка Грција, со редици од граница до Ѓевѓелија… малку јет бре – требит до Скопје, па и до Албанија (и Западен Балкан) редица да имет. Моит и милионче и пол да бидит оваа година – значит – милијардиче и пол евричиња. А оној професор Мице се фалит пола милијарда ќе позајмит од Австро-Унгарија… Па тоа половинче милијардиче ќе летнит во Грција или, пак, за џингрлаки моментално! Инаку, би можеле парите наместо во Грција да ги дадеме за нешто корисно – на пример да има фондови за инвестиции (земјоделство, домашни фотоволтаици, лекови, банки итн.). Нобеловецот Пол Самуелсон, наш пријател (прашајте го проф. Гајдов), велеше „треба многу да штедите, многу – многу ригорозно, а по седум години, може да инвестирате“! Ај море кој е тој Самуелсон – велеше гољамиот герој Љубчо Георгиевски (пријател на Каракачанов) – нам ни е мајка Б’лгарија! Ама дај шетајте по плажите, сплескајте ги парите! И немој случајно по археолошки места да одиш, или историски места, храмови цркви, македонска ренесанса, факултети, операциски сали, Света Гора и такво нешто во што е преполна Грција! Ај ви се молам – нек си одат таму оние забеганите.

Јас не сум бил во Грција речиси 60 години, од времето на хунтата на Пападопулос, Патакос, Јоанидис, Стилианос, Гизикис, Макарезос итн. Одев и пред тоа – пред земјотресот во Скопје, заедно со сестра ми Чедомирка. Тој што ги доведе (плус службите), истиот тој ги тргна и ги осуди. Потоа никогаш не отидов и ништо не ми фали. Во Солун имаше многу Македонци и зборуваа македонски јазик, ама со криенка. Многу беа исплашени. Имаше и Грци што се нарекуваа Македонци. Има и Бугари, Турци, Албанци, Власи, Ерменци – сешто – папазјанија како кај нас. Ама нема национално перчење – „сакам ова – сакам она“. Познавав Егејци кај нас што беа осудени на смрт и никогаш не се вратија дома. Имаше и грчки партизани што сакаа да се приклучат кон нашите, но не ги примија, демек така се договориле во Коминтерната. Кога се вратија – ги убија. Грција и денес е „демократска Хунта“

Инаку Хитлер – да го споменам и тој ѕвер – за шест години од скапана распадната Германија направил најсилна империја. Како? Пред да ги користи логорите за работна сила, имал систем на позајмување од граѓаните – по малку или многу, сите давале и тоа вистински им е враќано – со чувство на патриотизам (читајте за МЕФО на министерот Шахт, што го расправаат и некои нобеловци).
Јас не сум бил во Грција речиси 60 години, од времето на хунтата на Пападопулос, Патакос, Јоанидис, Стилианос, Гизикис, Макарезос итн. Одев и пред тоа – пред земјотресот во Скопје, заедно со сестра ми Чедомирка. Тој што ги доведе (плус службите), истиот тој ги тргна и ги осуди. Потоа никогаш не отидов и ништо не ми фали.
Во Солун имаше многу Македонци и зборуваа македонски јазик, ама со криенка. Многу беа исплашени. Имаше и Грци што се нарекуваа Македонци. Има и Бугари, Турци, Албанци, Власи, Ерменци – сешто – папазјанија како кај нас. Ама нема национално перчење – „сакам ова – сакам она“. Познавав Егејци кај нас што беа осудени на смрт и никогаш не се вратија дома. Имаше и грчки партизани што сакаа да се приклучат кон нашите, но не ги примија, демек така се договориле во Коминтерната. Кога се вратија – ги убија. Грција и денес е „демократска Хунта“. И покрај историскиот тежок антисемитизам – антички, средновековен и модерен, сега односите со Израел се одлични. Интерес си е интерес. Двајца проминентни мосадовци ми беа блиски – Јехуда Албохер и Исак Навон – велеа дека хунтата ја снабдуваа со тенкови и ракети, а денес заедничкиот интерес е нафта и гас. Од Иран нафтата одеше во Грција, па вртеше во Израел. А под Газа и под Либија има огромни количества слатка вода – основа за идни војни. Инаку, Солун некогаш бил „еврејски град“ со најмногу Сефарди во светот (читајте го историчарот Марк Мазовер). Речиси сите Евреи ги одведоа во Аушвиц, каде што докторите Менгеле и Глауберг правеле ужасни експерименти со нив, а потоа ги убиле. Моиве роднини мосадовци што ги споменав ги гонеле Ајхман и Менгеле. Но по Ајхмановото судење им било забрането да гонат нацисти – од големите сили. Зошто? – Размислувајте. Тука сме во лонецот и ние Македонците. И ние сме „Евреи“ што ќе ги толчат. А во сегашнава игра на „светски покер“ Грците трошат пари бетер од нас и секогаш се должни. Долгот е обврска на сите! Дознав дека долгот пред десетина години достигнал до трилион долари. Русите им давале два трилиона – но Америка моментално го решила проблемот, за да не дојдат Русите. Нашиве мислат дека ќе ја применат истата финта – хе-хе, видела жабата коњ, па ја дигнала ногата да се поткова. Ние егзистираме само затоа (како вели проф. Бабановски) што сме „Казабланка“ на Балканот – тоа е единствената карта во покерот.

Патриоти, патриотизам? – Кловнови… ајде земајте куфери и сите во Грција, нека ве вреѓаат, нека ве плукаат, ама вие патриоти – дајте им ги парите! Во Америка и во другите западни земји цел живот штедат, оти еден ден парите ќе им требаат за по болници и за операции. Речиси сите пари во животот ги даваат за школување и за медицина. Такво време доаѓа

Алики Бујуклаки беше позната грчка глумица и ја викаа „грчката Брижит Бардо“. Мислам дека беше поубава и од Брижитка (нека ми прости Бог – знае дека не сум фраер). Старите комунисти и поповите зјапаа по неа повеќе од мене. Ех, душа е шатка, велат старите. Ама и грчкиот принц Павле зјапна по неа… море и се заљуби ааајјјјјј! Е па, му ја наместија – ЦИА, а можеби и пријателиве од Мосад. Му изнаправија скандали и мораше да абдицира – сега Грција е република – мммм… Случајно? На нашиве политичари не им местат лепотици – за нив доволно се парички. Кој зграбисал најмногу? Јас не знам, а вие? Еве едно искуство. Јас како дете имав маса пријатели. Велат дека аспергеровците сите ги сакаат. Сигурно сигурно, ако се вртат парички. Со транзицијата, јас банкротирав, не бев снаодлив, не бев мангуп и тие – ојдеа си… „летнете летнете гулаби бели…“ Што ти е вера, љубов, човечност и патриотизам… Ами патриотизам е интерес стара будало! Кога ќе паднеш ќе ти поеф „гулаби бели…“ Сепак, медицината ме спаси од нулата – занат си е занат! Запомнете!
Во моето време во Солун постоеше „слободна трговска зона на Југославија“ – практично за Македонија беше како да излегува на море – еден „мал Суецки Канал“. Милијарди циркулираа низ неа. Тоа е огромен недостаток за сега. Шеф на зоната беше Морис Шами, наш пријател и често ја експлоатиравме таа ситуација. Беше пријател со Георгиус Папандреу, таткото на Андреас Папандреу. Андреас за време на хунтата ја напиша книгата „Патернален капитализам“. Капитализмот е развој, но и тврд огин. Мислам единствена шанса на Грција да ги спои антиката, христијанството и капитализмот е – Македонија. Речиси никој од комунистичка Југославија не можеше тогаш да излегува од државата (педесеттите и шеесеттите години), па дури и пасоши немаа. Сепак – луѓето тогаш беа посреќни. Тогаш во Солун имаше стока – боли глава. Облеки, накити, фармерки, дискотеки, „Битлси“, сиртакиси, лапачки, пазари, солунско море, море и… младост. Си помислував „можеби овој капитализам го престигнал социјализмот“ – се разбира тогаш не знаев за политичките игри, дрпања, мафии и такви работи. Имавме пари во социјализмот, многу пари што ги трошевме. Се враќав како мини-господин и макрофраер, но сепак другарите и девојчињата не ме сакаа повеќе. Помина животот додека сфатив дека „сакањето“ е комплексна работа и не зависи од перформансите, изгледот, па дури ни од парите. Саканите имаат некоја аура, невидливо магнетно поле. Јас ги немав. Типичен аспергеровец. Но аспегерците, сепак, бегајќи од темнината, десператно бараат светлина, та затоа имаат необична визија и појачана перцепција. „Е па, која е таа твојата перцепција“? – ме праша еден. „Тоа што битанга не може да ми се крие – ниту ако е пријател, ниту непријател, ниту јавен настапувач или политичар!“ На пример – партиите се храмови на измамата – сите – комунисти, социјалисти, фашисти, религиозни партии, кои сака нека се. Патриоти, патриотизам? – Кловнови… ајде земајте куфери и сите во Грција, нека ве вреѓаат, нека ве плукаат, ама вие патриоти – дајте им ги парите! Во Америка и во другите западни земји цел живот штедат, оти еден ден парите ќе им требаат за по болници и за операции. Речиси сите пари во животот ги даваат за школување и за медицина. Такво време доаѓа.

Д-р Самуел Садикарио Колономос