Vankovska
Фото: Маја Јаневска Илиева

Партијата Левица соопшти дека професорката Билјана Ванковска ги собрала потребните 10.000 потписи од граѓаните за нејзината кандидатура за претседател на државата.

– Левица има претседателски кандидат. Профeсорката Билјана Ванковска ќе биде претседателка на Република Македонија! Ви благодариме на поддршката од над 10.000 потписи за оваа заедничка борба – се наведува во соопштението од Левица.

Потребните потписи за претседателска кандидатура досега ги собраа и Бујар Османи, Арбен Таравари, Максим Димитриевски и Стевчо Јакимовски. И кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и на СДСМ Стево Пендаровски, ќе собираат потписи за нивните номинации кои викендов треба да бидат официјализирани од партиите.