Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски објави на Фејсбук дека ги собрал потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура.
– Потписите се собрани, битката допрва почнува. Кога не сум фаворит обично сум најсилен, а првата цел е влез во вториот круг. На Република Македонија и треба храбар претседател, а не марионета. Македонија заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата претседател на Македонија. Секој од нас заслужува подобро! Храбро до победа! Да живее Македонија! – напиша Јакмовски на Фејсбук.
Јакимовски објави дека има 10.372 потписи. Претходно, Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски успеаја да соберат 10.000 потписи и со тоа да бидат кандидати за претседател на државата.