На македонската политичка сцена од неодамна има нова партија на Ромите – АВАЈА, која до ДИК поднесе листи за кандидати за пратеници за изборите на 8 мај во изборните единици 3,4,5 и 6.
Претседател на АВАЈА е Акиф Кариман, додека за генерален секретар е избран Елвис Мемети.
-АВАЈА не се формираше како резултат на фрустрација и очај, туку како резултат на верба и одлучност да покажеме дека политиката може да биде место и за добри и чесни луѓе, која ги крева граѓаните. Тука сме затоа што сакаме да бидеме мост кој ги поврзува граѓаните со структурите на моќ и донесувањето одлуки. АВАЈА е тука за да ја врати моќта кај граѓаните, да им даде глас и можност сите да учествуваат во донесувањето одлуки кои ги засегаат нивните животи – објаснува Кариман.