Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, го напушти Собранието во скафандер и појасни дека ќе се врати, но морал да излезе поради тоа што „така налагале протоколите“.

Мицевски не прецизираше во колку часот ќе се врати, а на прашање дали ќе обезбедат 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски веќе дал изјава за тоа.

Мицевски и пратеничката Ангелика Петкова од ВМРО –ДПМНЕ, кои се позитивни на ковид-19, пред почетокот на седницата, облечени во скафандери пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница.